Познатите на Вимблдон: Харелсон пиеше вино, Безос дојде со новата девојка (ФОТО+ВИДЕО)

профимедиа

Финалето на Вимблдон во кој српскиот тенисер ја однесе победата над Рожер Федерер вчера го следеа голем број познати лица. ВИП ложата еднакво брзо се полнеше со членови од кралското семејство, но и со славни актерки, пејачки, манекенки…

Доброто расположение не недостасуваше, а еден од друг не се одвојуваа Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, кои во текот на мечот се смееа и коментираа, како и секој друг вљубен пар.

профимедиа

Голем интерес предизвика актерот Вуди Харелсон, кој на натпреварот присуствуваше со својата сопруга Лаура Луи. Вуди изгледа малку повеќе се напи, а оние што го забележаа, од неговите гримаси направија гафови кои ги забавуваат корисниците на социјалните мрежи.

Во едно видео дури се гледа дека на Вуди не му беше дозволено да се врати на местото, па е снимен како пие вино.

Во публиката беше и актерот Бенедикт Кумбербач, исто така со својата сопруга Софи Хантер, како и Стенли Стенкли Туки, кој дојде во друштво на синовите Никол и Матео.

Младиот Бруклин Бекам пристигна со девојката Хана Крос со која има бурна врска. Во последно време повеќепати папараците ги сликаа во жестока кавга во јавноста, а со ова јавно претставување најверојатно сакаа да докажат дека меѓу нив сепак сè е во ред.

профимедиа

Во ВИП ложата се најде и најбогатиот човек на светот, основачот и сопственик на Амазон, Џеф Безос, во друштво на девојката Лорен Санчез. Тоа им е второ излегување во јавност откако Безос се разведе во мај оваа година.

профимедиа

Меѓу познатите фоторепортерите ги забележаа и актерот Том Хидлстон, пејачката Кетрин Џенкис, поранешниот тениски број еден Стефан Едберг, манекенката Кендал Џенер, Пипа Метјуз, Џејмс Мидлтон, братот на Кејт Мидлтон и други.

Но сепак Вуди Харелсон беше главна атракција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот