Познати сите двојки за плеј-офот во Конференциската лига

фото: F.C. Struga

Струга Трим Лум се пласираше во плеј-офот на Конференциската лига во кој ќе игра против Бреидаблик од Исланд за пласман во групната фаза.

Актуелниот македонски шампион ќе биде домаќин на првиот натпревар на 24 август во Струмица, а реваншот е седум дена подоцна.

Во новата сезона во групите ќе има 32 екипи, 22 победници од плеј-офот во Конференциската лига, и уште 10, поразените од плеј-офот во Лига Европа.

Во продолжение погледнете ги сите двојки за плеј-офот во Конференциската лига:

Балкани (Косово) – БАТЕ Борисов (Белорусија)
Жалгирис (Литванија) – Ференцварош (Унгарија)
Струга (Македонија) – Бреидаблик (Исланд)
Фарул Констанца (Романија) – ХЈК (Финска)
Астана (Казахстан) – Партизани (Албанија)

Левски Софија (Бугарија) – Ајнтрахт Франкфурт (Германија)
АПОЕЛ (Кипар) – Гент (Белгија)
Спартак Трнава (Словачка) – Днипро-1 (Украина)
Сепси ОСК (Романија) – Бодо/Глимт (Норвешка)
Тобол (Казахстан) – Викторија Плзен (Чешка)
Хиберниан (Шкотска) – Астон Вила (Англија)
Мидтјиланд (Данска) – Легија Варшава (Полска)
Лил (Франција) – Риека (Хрватска)

Генк (Белгија) – Адана Демирспор (Турција)
Фенербахче (Турција) – Твенте (Холандија)
Динамо Киев (Украина) – Бешикташ (Турција)
АЗ (Холандија) – Бран (Норвешка)
Рапид Виена (Австрија) – Фиорентина (Италија)
Харт од Мидлотиан (Шкотска) – ПАОК (Грција)
Нордсјеланд (Данска) – Партизан (Србија)
Осасуна (Шпанија) – Клуб Бриж (Белгија)
Макаби Тел Авив (Израел) – Целје (Словенија)

Лига Европа
Плеј-оф двојки –

Славија Прага (Чешка) – Зорја Луханск (Украина)
Олимпијакос (Грција) – Чукарички (Србија)
Унион Сент-Жилуаз (Белгија) – Лугано (Швајцарија)
Лудогорец (Бугарија) – Ајакс (Холандија)
Хакен (Шведска) – Абердин (Шкотска)
ЛАСК (Австрија) – Зрињски Мостар (Босна и Херцеговина)
Клаксвик (Фарски Острови) – Шериф Тираспол (Молдавија)
Олимпија Љубљана (Словенија) – Карабах (Азербејџан)
Слован Братислава (Словачка) – Арис Лимасол (Кипар)
поразениот од АЕК (Грција)/Динамо Загреб (Хрватска) – Спарта Прага (Чешка)

Шпетим Дуро: Чудата на Струга Трим Лум сезонава продолжуваат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот