Позната националноста на сите жртви најдени во камионот на смртта во Англија

фото: Google Street View

Сите 39 луѓе чии тела се најдени во камион во Есекс, во Англија, се државјани на Кина, пренесува „Скај Њуз“.

Жртвите, меѓу кои и еден тинејџер, се најдени во средата во индустрискиот парк Вотерглејд, во раните утрински часови.

Полицијата во текот на изминатата ноќ извршила претрес на две адреси во Северна Ирска, по наоѓањето на 39 тела во приколка од камион во индустриски парк во Есекс.

Се верува дека двата претреса во средата невечер се поврзани со апсењето на возачот, кој е идентификуван како Мо Робинсон (25) од Северна Ирска. Тој бил приведен веднаш по откривањето на телата и бил испрашуван во врска со убиствата.

Како што пренесуваат светските медиуми, температурата во приколката во камионот, каде се наоѓале жртвите, можела да биде и до минус 25 степени, поради што се претпоставува дека смрзнале до смрт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот