Познат новиот термин, еве кога се игра „Ролан Гарос“!

twitter.com/rolandgarros

Тениските возбудувања во францускиот главен град ќе продолжат на есен, односно за периодот од 20 септември до 4 октомври.

Организаторите на „Ролан Гарос“ објавија дека вториот Грен Слем оваа сезона нема да биде одржан како што е планирано кон крајот на мај и почетокот на јуни поради пандемијата на коронавирусот.

Натпреварувањето во Париз е поместено на есен, односно за периодот од 20 септември до 4 октомври. Титулите од минатата година ги бранат Рафаел Надал (Шпанија). и Ешли Барти (Австралија).

– Целиот свет е зафатен од здравствена криза поврзана со коронавирус. За да се обезбеди здравје и безбедност на сите оние кои се вклучени во организацијата на турнирот, француската тениска федерација одлучи да го одржи годинешното издание на „Ролан Гарос“ од 20 септември до 4 октомври – се вели во соопштението.

Првиот човек на францускиот тенис, Бернар Жудичели вели дека иако никој не може да предвиди каква ќе биде ситуацијата до 18 мај, сегашните мерки направија дека е невозможно да се продолжат со подготовките и како последица на тоа, не се во можност да го одржат турнирот.

– Донесовме тешка, но храбра одлука во оваа ситуација која еволуираше значително од минатиот викенд. Ние реагираме одговорно и мора да работиме заедно во борбата да бидеме сигурни дека сите бидат здрави и безбедни – рече Жудичели.

Потсетување дека Новак Ѓоковиќ (Србија) кај мажите и Софија Кенин (САД) беа победници на првиот грен слем сезонава во Мелбурн, „Австралија опен“.

Воедно е познато дека поради коронавирусот се прекинати натпреварувањата во АТП и ВТА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот