Познат новиот датум на отворањето на Олимписките игри во Токио

Јапонија во подоготвките за Игрите вложи 12 милијарди долари, а загубите поради одложувањето на ЛОИ нема деа се одразат на економијата.

Олимписките игри во Токио кои минатата недела беа одложени за идната година, добија нов датум кога ќе се одржат, свеченото отворање ќе биде на 23. јули, а ќе траат до 8. август 2021 година, објави јапонската телевизиуја НХК, која се повикува на неименувани извори.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе, минатиот вторник објави дека ЛОИ во Токио поради пандемијата на коронавирусот се одложуваат на една година со што Токио стана првиот град во 124-годишната историја на модерните олимписки игри, во кој не се одржани во предвидениот датум, исклучувајќи ги годините во првата и втората светска војна кога ОИ беа откажани.

Јапонија во подготовките на Игрите вложи 12 милијарди долари, а се очекува загубите да не се одразат на јапонската економија. Јапонскиот министер за економија, Јасутоши Нишимура изјави дека Владата планира да донесе стимулативен пакет на економски мерки.

– Доколку расходите за ОИ бидат префрлени на идната година тоа значи дека парите ќе ги имаме на располагање уште оваа година – изјави Нишимура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот