Пожар во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга

Пожарникари / Фото: Архива

Во центарот за култура „Браќа Миладиновци” во Струга ноќеска избувнал пожар, во кој е предизвикана материјална штета, но нема повредени, соопшти СВР Охрид.

Пожарот, според информацијата, бил пријавен во 1 часот и 40 минути во Струшката полиција.

– По извршен увид, констатирано е дека пожарот, во кој нема повредени лица, се појавил на помошна влезна врата и е изгаснат со брза интервенција на Територијалната противпожарна едниница од Струга, изјави денеска портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Струшката пожарна интервенирала со едно противпожарно возило и тројца пожарникари .

– За кратко пожарот е ставен под контрола, а за околу половина час целосно ликвидиран. Предизвикана е помала материјална штета, потврдија за МИА од ТППЕ Струга.

Полицијата направила увид, се работи на утврдување на причините од кои е предизвикан
пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот