Повторно крахираше Инстаграм, ќе се префрли ли журката на Твитер

Реакции на корисниците по падот на Инстаграм/Фото: Screenshot Twitter

Популарната социјална мрежа Инстаграм и вечерва има проблеми со работата, па од компанијата излегоа со објаснување за да ги смират милионите корисници ширум светот кои по понеделничкиот глобален пад на Фејсбук, Инстаграм и ВатсАп повторно се соочија со нефукционирање на омилената мрежа.

„Свесни сме дека некои луѓе имаат проблеми со пристапот кон нашите апликации и производи. Работиме на тоа работите што побрзо да се вратат во нормала”, наведуваат од Фејсбук.

Само пред 4 дена, паднаа популарните апликации на Фејсбук кои не работеа речиси 8 часа, поради што настана општ хаос во светот.

Додека од Фејсбук не го средија проблемот кај сите своите мрежи Инстаграм, Месинџер и ВатсАп, корисниците се префрлија на Твитер.

Вечерва, останува нејасно зошто дојде до прекин на работата на популарниот Инста и колку време ќе им треба на компаниите да го решат проблемот.

Според сајтот Daundetektor, за помалку од половина час пристигнале над 17.000 пријави за неправилности во работењето.

Дел од корисниците пријавиле дека не можат да ги гледаат своите нотификации, зошто кога се обидуваат да го направат тоа им се појавува грешка.

Најлош пад во историјата на Фејсбук и неговите придружни платформи остави речиси 3 милијарди корисници без можност да влезат во своите налози. Овој неколкучасовен прекин ја чинеше компанијата 164.000 долари по минута од прихидот, а акциите на берзата паднаа изгубија над 40 милијарди долари од вредноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот