Проблеми и на Твитер и Тиндер, крахираат ли и овие социјални мрежи

Фото: EPA-EFE/ANDREW GOMBERT

Откако во попладневните часови паднаа популарноите социјални мрежи Фејсбук и Инстаграм, но и апликациите за допишување Ватсап и Фејсбук Месинџер, многу корисници се префрлија на Твитер.

Страницата Down Detector, која бележи пријави за потешкотии со апликациите, покажува дека неколку стотици корисници веќе пријавиле проблеми во последниот час.

Корисниците пријавуваат дека најчести проблеми имаат со отворање на страниците и апликациите, како и со читањето на коментарите.

Причината за падот на популарните социјални мрежи се уште не се знае, но експертите ги отфрлаат тврдењата дека се работи за хакерски напад.

Down Detector, исто така, забележал и проблеми на страницата за дружење Тиндер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот