Повредени четири лица при излетување на патничко возило кај селото Зајас

сообраќајка
Илустрација

Повредени четири лица, од кои едно потешко, е билансот на сообраќајната незгода што се случила ноќеска нешто пред полноќ во близина на село Зајас, на место викано Теќе, кога патничкото возило со кичевски регистарски ознаки управувано од Б.Ј. од село Зајас, излетало од патот.

– Во сообраќајната незгода што ноќеска се случила кај село Зајас, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Ф.(35), додека со повреди се здобиле возачот и две малолетни лица од возилото. Увидна екипа од ОВР Кичево излегла на самото место, а причините за несреќата и материјалната штета допрва ќе се утврдуваат, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот