Повеќето Словаци ја поддржуваат Русија во војната против Украина

Словачка/ Фото EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Повеќе од половина од Словаците би ја поздравиле воената победа на Русија над Украина, покажа едно ново истражување објавено во средата, пренесува ЕУрактив.

Анкетата наречена „Како си Словачка?“ е спроведено од агенциите МНФОРС и Сисејм заедно со Словачката академија на науките.

Анкетираните одговориле на истражувањето означувајќи на скала од 1 до 10, кој мислат дека ќе победи во војната, 1 значејќи чиста победа за Русија, а 10 за Украина.

Приближно една петтина од испитаниците рекле дека посакуваат чиста победа за Русија, а повеќе од половина рекле дека се наклонети кон руска победа.

Во меѓувреме, само една третина рекоа дека се стремат кон Украина.

На партиско ниво, јасно се забележуваат поделби. На пример, огромното мнозинство од гласачите на СМЕР-СД на поранешниот премиер Роберт Фицо се на руска страна.

Фицо е гласен противник на антируските санкции, па дури и ја прослави годишнината од Словачкото национално востание со рускиот амбасадор. СМЕР-СД сè уште е член на Партијата на европските социјалисти (ПЕС).

Поранешниот премиер на Словачка, Роберт Фицо/ Фото EPA-EFE/JAKUB GAVLAK

Што се однесува до географските разлики, само населението на Братислава има мнозинство луѓе кои сакаат Украина да победи.

Словачка долго време е една од најпроруските земји во ЕУ, заедно со Бугарија, пишува порталот ЕУрактив.

Истражувањето спроведено во 2021 година покажа дека 55% од Словаците имаат позитивно мислење за рускиот претседател Владимир Путин. Меѓу земјите од централна и источна Европа, само Бугарите мислат подобро за Путин (75%).

Во февруари 2022 година, пред инвазијата, 44 отсто од луѓето ги обвинија НАТО и САД за тензиите на украинските граници, додека само 33 отсто ја обвинија Русија.

Во однос на членството во НАТО, само 45% го поддржаа во истражувањето од 2021 година. Веднаш по инвазијата, поддршката се зголеми, но неодамна повторно почна да опаѓа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот