Повеќе од милијарда евра за новиот стадион на Интер и Милан! (ФОТО)

Идејата е стадионот да стане дел од поширок деловно-комерцијален и спортски комплекс што може да се користи 365 дена годишно.

Екипите на Интер и Милан го претставија планот за новиот стадион „Џузепе Меаца“, кој целосно ќе го промени погледот кон славната фудбалска арена.

Заедничкиот документ го испратија двата лути ривали до италијанските власти во Милано..

Идејата е стадионот да стане дел од поширок деловно-комерцијален и спортски комплекс што може да се користи 365 дена годишно. Планирано е редизајнирањето да заврши до 2024 година.

Новите предлози се резултат на конструктивен дијалог со градската администрација и се во согласност со 16 услови што администрацијата ни ги даде во ноември 2019 година – напишано е во заедничкото обраќање на Интер и Милан.

Во овој комплекс би биле опфатени 106.000 квадратни метри зелен простор, скоро двојно повеќе од постојните 56,000 квадратни метри.

Тоа би бил центар посветен на продажба, спорт, култура и секојдневни активности и внатре и надвор. Вклучувајќи патека за трчање, велосипедизам, теретана на отворено, скејтборд парк, мало фудбалско игралиште и спортски музеи. Повеќето спортски активности би биле бесплатни за граѓаните на Милано и околината – велат од клубовите.

Двата концепти носат иновативна околина за следната генерација, со акцент на нискиот отпечаток на животната средина и одржливоста како ново место за состаноци, социјални и рекреативни активности.

Интер и Милан веруваат дека, во суштина, во поглед на моменталната состојба, неопходно е да се започне проект вреден повеќе од милијарда евра приватни инвестиции, кој ќе генерира илјадници нови работни места и ќе служи како столб на идниот развој на градот и италијанскиот фудбал – информираат миланските клубови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот