Потврдени уште два случаи со коронавирус во Македонија

Со ова, во изминатите 24 часа се регистрирани 18 случаи на коронавирус во земјава, а не 16 како што беше иницијално соопштено.

Институтот за јавно здравје потврдил уште два случаи на коронавирус во земјава чии резултати станале официјални за време на прес конференцијата што министерот за здравство Венко Филипче ја имаше денеска.

Со ова, во изминатите 24 часа се регистрирани 18 случаи на коронавирус во земјава, а не 16 како што беше иницијално соопштено.

Шест случаи се од Штип, тројца од Скопје, двајца од Струга, еден случај од Струмица Дебар Тетово и Гевгелија. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 259 лице.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

Скопје – 145,
Дебар – 46,
Куманово – 21,
Штип- 14,
Прилеп – 8,
Велес – 6 ,
Тетово – 5,
Струга- 5 ,
Охрид – 3,
Кавадарци – 2,
Гостивар – 1,
Битола – 1,
Гевгелија – 1,
Струмица – 1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот