Потребна му е стручна помош: Суспендираниот Тони бил зависник од коцкање

Напаѓачот на Брентфорд Иван Тони првобитно беше суспендиран на 11 месеци бидејќи во период од 2017-та до 2021 година се обложувал на натпревари на својот тим што не е дозволено во Англија.
Казната на Тони сепак беше намалена на осум месеци затоа што психијатар дијагностицирал кај напаѓачот зависност од коцкање.
По направените прегледи било заклучено дека на Тони му е потребна стручна помош, а тој самиот конечно се отворил и раскажал како на трипати ја лажел комисијата на Фудбалскиот сојуз на Англија. Засега казната на Тони важи само за натпревари во Англија, но ФА веќе испрати барање до ФИФА таа да биде проширена во сите земји.
Ivan Toney diagnosed as gambling addict as FA reveal reasons behind eight-month ban https://t.co/j6PjPoasaR
— talkSPORT (@talkSPORT) May 26, 2023
Во истрагата е отркиено дека 16 пати се обложил на Брентфорд додека бил играч на овој тим, 15 пати дека ќе постигне гол, а 11 пати против Њукасл додека од овој клуб беше на позајмица во Виган.
Освен што играл на себе и своите клубови, Тони се обложувал и на други спортови.