Потпишале договор за тајност: Јелена Карлеуша и Канје Вест ќе снимаат дует во САД?
Обожавателите на Јелена Карлеуша со години очекуваат нова музика од српската музичка ѕвезда. Но, по сѐ изгледа станува збор за вистинско затишје пред буда.
Како што дознава српскиот медиум „Курир“, Карлеуша ќе сними дуетска песна со една од најголемите светски ѕвезди на денешницата – американскиот рапер Канје Вест.
Пејачката наскоро ќе замине во Соединетите Американски Држави поради овој проект, чии детали се чуваат во најстрога тајност. Таму Карлеуша и Вест ќе ја снимат песната, а потоа ќе снимат и високобуџетен видеозапис.
View this post on Instagram
„Јелена воопшто не придаваше значење на тоа дека Канје ја заследи на Инстаграм. На неа ѝ беше симпатично, но набрзо го отследи, па повторно го заследи. Кога, после кратка пауза, тие повторно станаа пријатели, Канје ѝ напиша порака. Тој ѝ упати многу комплименти. Канје беше воодушевен од модните комбинации кои таа ги носеше со парчињата облека од неговиот бренд ‘Јизи’. Раперот знае за Јелена Карлеуша уште од периодот кога беше во брак со Ким Кардашијан, која, пак, беше воодушевена од Јелена, нешто што и самата го напиша на својата веб-страница. Соработниците на Канје му ги пуштиле песните на Јелена (‘Крими рад’ и ‘Со’) и тие многу му се допаднале. Поради тоа, тој ѝ предложи музичка соработка, а таа воодушевено ја прифати. Канје веднаш ѝ испрати договор за тајност, а Карлеуша го потпиша“, вели извор близок до Карлеуша.
View this post on Instagram
„Карлеуша и нејзиниот тим наскоро ќе заминат во САД, каде што лично ќе се запознаат со Вест. Таму ќе снимат песна и видеозапис, кои ќе бидат нешто невидено – само кај нас, туку и во светот. Сѐ требаше да биде завршено досега, но раперот е во медиумска илегала, проектот се пролонгираше. Таа ќе биде таму околу две недели за успешно да го завршат проектот“, завршува изворот.
View this post on Instagram
Јелена Карлеуша одамна го најавува новиот музички албум „Алфа“, за кој вели дека ќе доживее светски успех.
„После мојот нов албум ќе следи крајот на светот. Сметам дека овој албум ќе биде најдобриот и најсериозниот проект во мојата кариера – со најмногу песни и со најмногу вложени пари. Овој албум ќе доживее светски успех. Добро запамтете ги моите зборови. Нема да има само песни на српски јазик, туку и на други јазици. Ќе има повеќе музички соработки, ќе има видеозаписи и модни сензации, нешто што ќе ги смени правилата во шоу-бизнисот“, изјави Карлеуша во новогодишното интервју за „Курир“.
View this post on Instagram
Меѓу другото, таа ја спомна и ситуацијата со Канје Вест.
„Не можам да зборувам за Канје, освен за тоа што се случи на Инстаграм. Ние имаме договор за тајност, верувале или не. Морав да потпишам договор со Канје, така што не смеам да зборувам ништо“, изјави Карлеуша за „Курир“.
View this post on Instagram
Падот на Канје Вест: Од музичка икона, до човек кому светот му го сврте грбот
Канје Вест го сака Хитлер, Маск му го суспендираше профилот на Твитер