Потпечени полнети солени палачинки (РЕЦЕПТ)

палачинки солени
Фото Профимедиа

Полнетите солени палачинки се одлична идеја за брз ручек или вечера, во денови кога немате многу време за готвење.

Тесто:

300 мл млеко
2 јајца
100 гр брашно
Малку масло
Сол

Фил:

100 гр сирење
100 гр шунка
Една лажица павлака

Прелив:

Едно јајце
Една лажичка павлака
Малку млеко
Рендан кашкавал

Подготовка:

Измешајте ги состојките за тесто, така што прво ќе ги изматите јајцата, па ќе ги измешате со другите состојки. Испржете ги палачинките.

Измешајте ги состојките за филот и филувајте ги палачинките.

Филуваните палачинки наредете ги во подмачкана тепсија за печење. Потоа, прелијте ги со смесата за прелив. Печете околу 30 минути на температура од 200 степени Целзиусови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот