Потег на годината: Фудбалер во Украина намерно утна пенал! (ВИДЕО) – Слободен печат
СпортФудбал

Потег на годината: Фудбалер во Украина намерно утна пенал! (ВИДЕО)

Еден одличен гест ни доаѓа од Украина, играчот од белата точка на страна шутираше сметајќи дека главниот судија погрешил во својата одлука.

Поранешниот репрезентативец на Украина, Денис Кожанов имаше фер плеј потег кој го направи на пријателскиот натпревар меѓу неговиот Волин и Лвив.

Кожанов намерно утнал пенал при резултат 2:1 за противникот, бидејќи сметаше дека судијата погрешил што досуди најстрога казна, односно немало никаков контакт за прекршок.

– Ние сме за правда. Зошто да го провоцираме противникот. Ветив дека ќе го утнам пеналот и мислам дека го направив вистинскиот потег – рече Кожанов.

Доби аплауз од гледачите на трибините, како и од противничките фудбалери на теренот.

Крајниот резултат на оваа тест средба беше 2:1 за Лвив во чиј тим двоен стрелец беше Ренан, а на спротивната страна погодок имаше Пономар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close