Последниот ден од кинеските воени вежби во близина на Тајван

Кина Тајван
Фото: EPA-EFE/WU HAO

Кина изутринава ги продолжи контроверзните воени вежби во близина на Тајван, во последниот ден од маневрите што значително ги зголемија тензиите во регионот, јави ДПА.

Војската на Тајван објави дека 20 кинески воени авиони и 14 воени бродови учествувале вчера во вежбите, при што кинеските беспилотни летала повторно биле забележани над островот Кинмен, кој е под управа на Тајван, кој се наоѓа на само 10 километри од пристанишниот град Ксиамен на кинеското копно.

Кинеското раководство во Пекинг ги започна маневрите како одговор на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајпеј претходно оваа недела.

Вежбите го претставуваат најголемиот приказ на воена сила на Кина откако ракетните вежби спроведени во средината на 1990-тите ги наведоа САД да испратат два носачи на авиони во Тајванскиот теснец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот