Последна шанса за Кутињо во Баерн 

twitter/barcacentre

Повредата на Левандовски ќе му даде можност на Бразилецот да покаже дека заслужува да остане во германскиот тим.

Баерн Минхен во вторникот без многу мака го совлада Челси среде Лондон во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Баварците на „Сетмфорд бриџ“ со 0:3 го совладаа Челси и по првите осминафинални натпревари од ЛШ заедно со Манчестер сити се наметнаа како главни фаворити за титулата.

Сепак, и покрај победата не се среќни во Баерн бидејќи останаа без одличниот напаѓач Роберт Левандовски за кого лекарите препорачаа да одмора во наредните три недели.
Германски „Билд“ пишува дека повредата на Левандовски најверојатно е последна шанса за Фелипе Кутињо чија иднина во Баерн е под знак на прашање.

„По повредата на Левандовски, Бразилецот ќе добие последна шанса да ги покажи своите квалитети и да покаже дека го заслужува дресот на Баерн. Серж Гнабри ќе биде прекомандуван во нападот и ќе игра на местото на Левандовски, Томас Милер ќе игра на крилната позиција, а Кутињо би можел да заигра на левата страна или дури да игра на позицијата на класична „десетка“, пишува „Билд“.

Фелипе Кутињо во јануари 2018 година за рекордни 145 милиони евра од Ливерпул се пресели во Барселона како најскап фудбалер во историјата на шпанскиот клуб. Бразилецот не успеа да се снајде во Барселона и минатото лето пристигна во Баерн на едногодишна позајмица. Германскиот тим има можност на крајот од сезоната да го откупи неговиот договор за сума од 120 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот