Последици од пандемијата: Заради коронавирусот жените изгубиле најмалку 800 милијарди долари приход

Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

Последиците на пандемијата на ковид-19 беа катастрофални за жените, бидејќи повеќе милиони жени ширум светот се соочија со губење на работните места, и со додатни проблеми во однос на грижа за децата и образованието.

Според новиот извештај на хуманитарната организација „Оксфам интернешнел“, жените минатата година изгубиле најмалку 800 милијарди долари приход, пренесува Си-Ен-Ен.

„Економските последици на пандемијата на ковид-19 имаат силно влијание врз жените, кои се неразмерно застапени во секторите кои нудат ниска заработка, мала погодност и најмалку сигурни работни места“, рекла Габриела Бушер, извршна директорка во „Оксфам“.

Таа додаде дека владите, наместо да ги исправаат грешките, ги третирале работните места на жените како заменливи.

„Тоа ги чинеше оние кои се формално вработени најмалку 800 милијарди долари во изгубена заработка“, порачуваат од „Оксфам“.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот