После финалето во Мелбурн, сè е јасно – Ѓоковиќ е тенискиот крал!

Новак Ѓоковиќ останува прв на АТП ранг листата/ фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал годинава го освои „Австралија опен“, но и после завршувањето на тој грен слем турнир, Новак Ѓоковиќ од Србија ќе остане тенискиот крал.

По поразот на Русинот Данил Медведев во Мелбурн, Ноле ја задржа првата позиција на АТП ранг листата.

Во понеделник српскиот ас ќе ја започне 359 недела на светскиот трон, далеку зад Ѓоковиќ е Рожер Федерер кој со 310 недели беше прв светски рекет. А на оваа вечна листа Рафа е дури шестопласиран со 209 недели.

Како што е веќе познато, подолго на првото место од Ѓоковиќ беше само легендарната германска тенисерка Штефи Граф која владееше 377 недели.

После Ѓоковиќ на АТП листата од понеделник ќе бидат Медведев, Александер Зверев, Стефанос Циципас и Надал.

ВИДЕО | Надал: Ова беше еден од најемотивните мечеви во мојата кариера!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот