После Барса, Гризман знае каде сака да ја заврши кариерата! (ВИДЕО)

твитер

Французинот е член на Барса од минатото лето, кога за 120 милиони евра дојде од редовите на Атлетико Мадрид.

Фудбалерот на Барселона изјави дека сака да игра и во американската МЛС лига и таму да ја заврши кариерата.

Антоан Гризман (29) има договор со Каталонците до 2024 година, а по завршувањето на истиот можно е да направи трансфер во САД.

Освојувањето на „Ла Лига“ и Лигата на шампионите со Барселона е сон и главна цел. После тоа следува Светското првенство во Катар, а потоа и МЛС.

Не знам за кој клуб би играл во МЛС лигата, но навистина го сакам тоа. Целта ми е да ја завршам кариерата во САД. Доколку тоа биде можно, сакам да бидам дел од екипа која ќе се бори за титулата – рече Гризман за „Лос Анџелес Тајмс“.

Французинот е член на Барса од минатото лето, кога за 120 милиони евра дојде од редовите на Атлетико Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот