Поскапуваат бензините, дизелот поевтинува

Фото: Архива на „Слободен печат“

Од полноќ, бензините поскапуваат за половина денар, а дизелот поевтинува за еден денар.

Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 95 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 97 денари за литар, додека новата цена на дизелот ќе биде 85 денари за литар.

За пола денар се намалува цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое веќе од полноќ ќе се продава по цена од 83,5 денари за литар, а се зголемува малопродажната цена на мазутот која ќе изнесува 54,963 ден/кг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот