Поскапеле кафеаните, забележува државната статистика

скопје луѓе ресторани кафичи угосители кафани
Кафуле во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Цените на угостителските услуги во јуни во споредба со мај годинава, се зголемени за 1,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 1,9 проценти, Алкохолни пијалаци за 0,7 проценти, Безалкохолни пијалаци за 0,4 проценти и Ноќевања за 0,3 проценти.

Според ДЗС, цените на угостителските услуги во јуни годинава во однос на јуни лани се зголемени за 11,2 проценти.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2022 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 7,7 проценти, додека во однос на декември 2021 година е зголемен за 6 проценти.

Видео на денот