Посебен режим на сообраќај во Скопје денеска и утре

Меѓу казнетите најбројни се оние возачи кои управувале автомобил чија брзина била повеќе од дозволената.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека денеска и утре ќе се одржи меѓународна спортска манифестација –„ФИС ролер ски куп Скопје” во организација на град Скопје, Агенција за млади и спорт, Скијачка федерација на Република Северна Македонија, Клуб за биатлон и нордиски дисциплини „Олимпик скии ” од Скопје и „Мунте” – Карпош.

За таа цел Одделението за безбедност на патниот сообраќај при МВР во периодот од 08.45 до 10.45 часот, ќе преземе мерки за посебен режим со траса на движење од ул.„Тодор Александров” пред ОУ „Кочо Рацин”, право по локалниот пат до паркингот кај Средно Водно и понатаму се до паркингот кај манастирот Св. Пантелејмон- с. Горно Нерези во Скопје, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот