Португалија бара селектор, Мурињо молчи

Жозе Мурињо, тренерот на Рома, на натпреварот против Торино/фото: EPA-EFE/CLAUDIO PERI

Жозе Мурињо со фудбалерите на Рома пристигна во Фаро, Португалија на мини-подготовките пред да продолжи актуелната сезона од јануари, но стратегот на „волчицата“ одби да одговори дали ќе го наследи Фернандо Сантош на клупата на националната репрезентација после отказот што досегашниот селектор го доби.

Мурињо се споменува како прва опција на федерацијата, која дури и е подготвена да исполни еден услов, „специјалниот“ да продолжи да ја теренира Рома и паралелно да работи со селекцијата, но нејасно е дали римјаните би се согласиле на такво нешто.

Новинарите го сочекаа Мурињо во Фаро, со подготвени прашања, но тој освен што се смешкаше, не кажа ништо. Во португалските медиуми се вртат две верзии, првата да работи паралелно и како селектор и како тренер на Рома, а втората е дека ќе чекаат до крај на сезоната за да му дадат (пре)богата понуда. Дотогаш во првиот дел од 2023 година и низ две рунди на евроквалификации за ЕП 2024 во Германија, привремен селектор би бил Руи Жорге, актуелниот кормилар на младата репрезентација.

Мурињо со Рома има договор до 2024 година, а во мај годинава го донесе првиот европски трофеј по шест децении. „Специјалниот“ никогаш не би селектор, а беше тренер на Порто, Челси, Тотнем, Интер, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, а беше и помошник на Боби Робсон во Барселона во сезоната 1996/97.

Сантош вчера беше сменет на година ипол пред истекот на договорот после осум години на кормилото поради неуспехот на СП во Катар со испаѓањето во четвртфиналето, а во 2016 година ја донесе европската титула, најголемиот трофеј што Португалија го освои во историјата, како и првиот во Лигата на нации во 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот