ПОРАЗИТЕЛНИ РЕЗУЛТАТИ: Жените сметаат дека семејното насилство е приватен проблем (ИНФОГРАФИК)

Фото: Profimedia

Неверојатни 54,5 отсто од жените во Македонија сметаат дека семејното насилство е приватно прашање и треба да се среди во рамките на семејството. Околу 44 отсто пак сметаат дека „добрата жена“ треба да се покорува на сопругот, дури и кога има различно мислење од него. Овие податоците денеска ги презентираше Мисијата на ОБСЕ во Македонија.

Во рамките на истражувањето на ОБСЕ во врска со семејното насилство, бројките за Македонија се поразувачки, но не многу различни од регионот.

Од ОБСЕ велат дека, иако некои форми на физичко и сексуално насилство во државата е широко распространето, тоа најчесто поминува непријавено во полиција.

– Истражувањето покажа дека е потребна поголема поддршка и таргетирани акции за помагање на жените од малцинстските групи и од руралните подрачја – се вели во соопштението од мисијата.

Вишата советничка за родови прашања на ОБСЕ Амарсана Дарисурен, изјави дека, без разлика на географската локација, нивото на просперитет или големината на популацијата, насилството врз жените е распространето и е проблем на сите држави во светот.

Шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која, пак, изјави дека ОБСЕ го третира родовото насилство како безбедносен проблем.

Премиерот Зоран Заев изрази загриженост откако го погледна истражувањето на ОБСЕ и посочи дека мора системски да се подобри родовата еднаквост во државата и да се реши насилството врз жените.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот