Пораз на МЗТ Скопје од Хелиос, Хиндс трагичар

фото: https://druga.aba-liga.com/Gasper Papez

МЗТ Скопје го доживеа вториот пораз во АБА2-лигата, откако на гостувањето во Словенија кај Хелиос загуби со 78:76. На крајот исходот можеше да биде и поинаков доколку кошаркарот на „металците“ Џабари Хиндс не го промашеше шутот во последните секудни.

Во првото полувреме, ниту една екипа не успеа да направи поголема предност, туку се играше израмнето, а тоа најдобро го покажува резултатот од првиот четвртина (24:24) и од полувремето (43:43).

Првиот удар го зададе словенечкиот тим кој третата четвртина ја реши во своја корист со 23:13. Сепак, „металците“ успеаја да ја вратат резултатската неизвесност и рамнотежа преку капитенот Дамјан Стојановски и Хиндс.

Во последната минута, Стојаносвски донесе водство за МЗТ Скопје од 75:76, но Хелиос во следниот напад го врати водството. Меч топката за избраниците на тренерот Кочов не ја искористи Хиндс по што МЗТ Скопје го доживеа вториот пораз во АБА2-лигата.
Токму трагичарот Хиндс беше најефикасен со 29 поени, додека Стојановски постигна 15 поени.

Нареден противник на МЗТ Скопје во АБА2-лигата е тимот на Широки Бријег, а натпреварот се игра во СЦ „Јане Сандански“ на 21 ноември.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот