Поранешниот кандидат за градоначалник на Бутел, Коста Начевски е нов директор на Дрисла

Заменик министерот во Министерството за животна средина Јани Макрадули оценува дека за „Дрисла” треба да се применат најдобрите светски пракси за да имаме сигурен капацитет. Тој додава дека Министерството никогаш на „Дрисла” не им издало лиценца за увоз на отпад.

Горан Ангелов од денеска и официјално заминува од директорската позиција во Дрисла. Документите за неговото разрешување се доставени до Централниот регистар. На негово место е именуван Коста Начевски.

Начевски е поранешен кандидат за градоначалник на Бутел од редовите на СДСМ.

Депонијата „Дрисла“ од вчера повторно е регистрирана како јавно претпријатие и е под владение на Град Скопје.

 Заменик министерот во Министерството за животна средина Јани Макрадули оценува дека за „Дрисла” треба да се применат најдобрите светски пракси за да имаме сигурен капацитет. Тој додава дека Министерството никогаш на „Дрисла” не им издало лиценца за увоз на отпад.

-Конечно после две години градоначалникот на градот Скопје Петре Шилегов успеа на градот да му го врати тоа што е на Градот Скопје. Тоа што требаше да биде „Дрисла” за жал не се реализира и сега градот ќе стопанисува, а јас лично мислам дека грев „Дрисла” да биде место во кое што само ќе се депонира отпад, ќе се става отпад и тој ќе расте нагоре. Ако во западноевропските земји постојат 445 станици, фабрики за преработка на отпад кој генерира енергија, мислам дека и ние треба да ги следиме најдобрите светски пракси, и во нашата држава да направиме сигурен капацитет. Како што е познато ние во јавноста објавивме дека ние како МЖСПП не сме издале нити една лиценца за увоз на отпад на претпријатието или компанијата „Дрисла, изјави Макрадули одговорајќи на новинарско прашање при денешната посета во Битола. 

Тој појасни дека во РС Македонија не може да се увезе отпад за да се чува, а бидејќи во „Дрисла” отпадот може само да се чува, тоа значи дека такви лиценци не може да се издадат.

-Во РС Македонија може да се увезе отпад само ако се преработува, а не да се прават нови ридишта со отпад и затоа не постои дозвола за „Дрисла” да увезува, потенцира Макрадули.

 

Прочитајте и...  Повик до верниците да го помогнат градењето на новиот конак во Лешочкиот манастир

Прочитај повеќе

Официјално соопштение од Јамајка: Не е донесена одлука за признавање на Косово

Слободен печат

Силен земјотрес на границата меѓу Турција и Иран

Слободен печат

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА БИТКОИНОТ: Инвеститорите со нетрпение го чекаат мај

Слободен печат

Спасовски ќе ја предводи делегацијата на Самитот на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон

Слободен печат

Вучиќ до Милановиќ: Да ја бакнам земјата пред вашите стапала? Не ми паѓа на памет

Слободен печат

Георгиева: Епидемијата на коронавирусот го загрозува обновувањето на глобалната економија

Слободен печат

Остави Коментар

6 + Шестнаесет =

Прочитај повеќе

Околу 16 илјади македонски државјани живеат во Венето и Ломбардија, каде има изолација на 11 населени места поради коронавирусот

Слободен печат

Пендаровски изрази сочувство до семејството чии деца загинаа во експлозијата во Романовце

Слободен печат

Филипче: Подготвени сме дури и во случај да се појави првиот заболен

Слободен печат

Жената и детето кои беа повредени по денешната експлозија во Романовце се во критична состојба

Слободен печат

Словенија апелира до граѓаните да бидат внимателни кога патуваат во Италија поради коронавирусот

Слободен печат

Заев изрази сочувство до семејството на загинатите деца во експлозијата во Романовце

Слободен печат