Поранешниот и актуелниот претседател на Судски совет се скараа: Кој дава материјали на фаворизиран портал

Поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева пред почетокот на денешната седница на која се расправа за нејзината работа обвини дека Советот има селективен пристап кон медиумите, откако материјали од денешната седница биле доставени само до еден портал, а не и до други медиуми.

– Тоа не е транспарентно туку селективно постапување и фаворизирање на еден портал. Заклучокот е дека ова е хајка која се води против мене за да ми се наруши угледот – изјави Дамева.

Таа пред членовите на Судскиот совет рече дека има портали кои континуирано ја следат работата на Советот и нив требало да им бидат достаневни мактеријали за денешната седница за да ја анализираат состојбата онаква каква што е.

– Кој и зошто ги дал тие материјали од кои дел се за постапки од кои јавноста е исклучена – праша Дамева.

Нејзиното обраќање го прекина претседателот на Советот, Сашко Георгиев кој кажа дека и нему му се јавувале новинари, ама тој ги упатувал кај портпаролот.

– Да не манипулираме – рече Георгиев.

Деновиве се појавија информации во медиумите дека Дамева учествувала во постапки во надлеженост на Судскиот совет во кои се оценува или одлучува за судии, претседатели на судови, иако тие воделе предмети во кои инволвирано лице како тужен или тужител, бил нејзиниот сопруг Младен Дамев, претседател на Управниот одбор и генерален директор на „Скопски пазар“ кој се јавува како оштетен и како тужител во неколку предмети што се воделе, и што сѐ водат во Кривичниот и во Апелацискиот суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот