Поранешен косовски обвинител е пронајден мртов во својот дом

Фото: Кланкосова

Поранешниот обвинител, Агрон Матјани е пронајден мртов во својот дом во Призрен. Веста за неговата смрт е потврдена од полицијата.

– Семејството на починатиот пријавиле во полиција дека истиот е најден мртов во неговиот дом. Смртта е констатирана од дежурен лекар кој што веднаш заминал на лице место, изјавиле од косовската полиција.

Според полицијата смртта е констатирана како „сомнителна смрт“, додека телото на починатиот е предаден за обдукција.

За поранешниот обвинител, Агрон Мајтани е покренато обвинение од Специјалното обвинителство. Тој се товарел за делото „злоупотреба на службената положба“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот