Поранешен боксерски шампион смета Земјата е рамна плоча

твитер

Карл Фроч верува и дека НАСА е лажна вселенска агенција.

Поранешниот боксерски шампион во суперсредна категорија, Карл Фроч , не верува дека Земјата е тркалезна и тврди дека НАСА е лажна вселенска агенција.

– Не постојат докази дека Земјата е тркалезна. Дури кога некој како Ричард Бренсон ќе отиде горе и ќе потврди дека Земјата е тркалезна, дури тогаш ќе поверувам. 100 проценти сум убеден дека Земјата е рамна плоча – изјави Фроч кој потоа упати обвинување и за НАСА.

– НАСА е лажна вселенска агенција. Користат лажни слики од вселената и така ги лажат луѓето.

Карл Фроч се пензионира од боксот во 2014 година со скор од 22 победи и само два порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот