Поради учество во изградбата на „Северен тек 2“: Над 120 европски компании на удар на американските санкции

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Управувачката компанија за изградба на рускиот гасовод „Северен тек 2“, кој треба да се протега од Русија до Германија под Балтичкото Море, изброја 120 компании што ќе бидат на удар на санкциите на САД

– Секоја закана со примена на санкции против проектот „Северен тек 2″, врши влијание на цела низа западни изведувачи и инвеститори. Ако санкциите стапат во сила, тие ќе ударат по повеќе од 120 компании од 12 земји во Европа, се вели во денешниот соопштение за јавноста на „Северен тек 2 АГ”

Американскиот Стејт департмент синоќа воведе нови санкции против компаниите кои даваат услуги, стоки или финансирање за модернизација или инсталација на опрема на пловилата кои ќе работат на гасоводниот проект. Гасоводот во Вашингтон го гледаат како инструмент за ширење на злонамерното влијание на Русија во Европа и закана за диверзифицираниот енергетски пазар на Европската Унија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот