ПОРАДИ СУША НА ПОВИДОК КАТАСТРОФА ВО АФРИКА: Загрозени 45 милиони луѓе

Климатски промени / Фото: ЕПА

Вкупно 45 милиони луѓе ќе бидат во тешка ситуација за прехрана во следните шест месеци на југ во Африка.

Тој дел од континентот е на удар на најлошата суша која ја погодила таа област во последните 35 години, соопшти Светската програма за храна.

Досега повеќе од 11 милиони луѓе се наоѓаат во многу тешка ситуација поради прехранбена несигурност во девет земји во таа област – Ангола, Свазиленд, Лесото, Мадагаскар, Малави, Намбија, Мозамбик, Замбија и Зимбабве, стои во соопштението на таа агенција на Обединетите нации.

Се очекува ситуацијата да се влоши во наредните месеци и дека рекордни 45 милиони луѓе имаат потреба за хуманитарна помош во целиот тој регион, предупредува оваа агенија на ОН.

Во текот на последните пет години во областа на јужна Африка, само една година поминала со нормални врнежи од дожд, јавуваат тамошните медиуми, потенцирајќи дека големата суша, циклоните и поплавите ја уништиле жетвата.

– Се сочуваме со најлошата суша во последните 35 години во централните и западните области во јужна Африка – изјавила Маргарет Мал, експерт за таа област.

Таа прехранбена криза е отежната со зголемување на невработеноста, губењето на стока во големи количини и порастот на цената на прехранбените производи.

Според официјални податоци, температурите во јужна Африка растат два пати побрзо од просекот на Земјата, па така, се очекува во годините кои доаѓаат, земјите како Малави, Мозамбик, Конго, Танзанија, Замбија и Зимбабве ќе биде најтешко погодени во таа област поради климатската криза која владее.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот