Поради мигрантската криза Полска размислува за затворање на границата со Белорусија

принтскрин: Јутјуб

Поради ескалацијата на мигрантската криза на источните граници на Европската унија, во балтичките републики и Полска, Владата во Варшава ја разгледува можноста за целосно затворање на границата со Белорусија.

-Испраќаме информации до белоруските власти дека се заканува таква опасност доколку не престанат со своите активности, изјави денеска владиниот портпарол Пјотр Милер.
Вчера, придружувани од белоруски служби, група од околу 800 мигранти, претежно од Ирак и Блискиот Исток, главно помлади мажи и жени со деца, пристигнаа во близина на граничниот премин кај Кужница, Полска, и се обидоа да ја пробијат бодликавата жица за да влезат во Полска, но беа спречени од кордон полицајци и солзавец.
Полска граница/ Фото: PETRAS MALUKAS / AFP / Profimedia
Ноќта ја минаа под шатори во шума, а како што изјави денеска портпаролката на полската гранична стража Катаржина Ждановиќ, засега нема подготовки за нов пробив на таа група на полска територија, додека официјалниот граничен премин од вчера беше затворен за сообраќај и промет на стока.
Министерот за одбрана Мариуш Блашчак објави на Твитер дека веќе има 15.000 војници на полската граница, заедно со илјадници граничари и полицајци.
Полските власти проценуваат дека има меѓу 2.000 и 4.000 мигранти долж границата на белоруската страна кои летово пристигнуваа со авиони од блискоисточните престолнини, со легални белоруски туристички визи.
Тие се сместени во хотели, а потоа транспортирани и придружувани од белоруските служби до границата, каде што досега во мали групи се обидувале да совладаат импровизирана ограда од жица и да заминат за Полска, а потоа да продолжат во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот