Попис во април, во Владата повеќе нема дилеми околу тоа

Во однос на пописот на населението што во Македонија не е спроведен речиси 20 години, премиерот Зоран Заев нагласи дека попис во април ќе има и Владата тоа ќе го обезбеди.

-Сите законски и други услови за одржување на пописот се завршени. Законот за попис деновиве, а можеби дури и денеска ќе биде на пленарна седница за конечно усвојување на Законот. Граѓаните бараат попис, на државата и треба пописот, рече премиерот на денешниот отчет по повод 100 дена од работењето на новата Влада.

-Веднаш по формирањето на владата ја потврдивме и определбата за спороведување на попис на населението како еден политички договор предвиден за април наредната година како важен статистички процес кој всушност е дел од планирањето на владината политика, рече вицепремиерот Артан Груби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот