Поништена суспензијата: Манчестер сити ќе игра во Лигата на шампионите

EPA-EFE/Cath Ivill

Манчестер сити доби дозвола да настапува во Лигата на шампионите откако е укината двегодишната суспензија.

„Граѓаните“ ќе бидат дел од ЛШ и во наредната сезона откако Спортскиот арбитражен суд во Лозана ја прифати жалбата на англискиот тим ја поништи казната. Интересно е што тоа не е компензирано ниту со поголема парична казна, напротив, таа е намалена и сега изнесува 10 милиони евра наместо 30 милиони.

Спортскиот арбитражен суд во Лозана објави дека одлуката на УЕФА била „неоснована и застарена“ па поради тоа одлучија да ја поништат казната на Манчестер сити и уште еднаш потврдија дека богатите клубови можат да ги заобиколуваат правилата на УЕФА за финансиски фер-плеј.

УЕФА претходно го казни Манчестер сити бидејќи ги прекршил правилата на финансискиот фер-плеј од 2012 до 2016 година поради што заработи двегодишна суспензија од Лигата на шампионите.
Сега со одлуката на судот во Лозана, Манчестер сити како второпласиран од оваа сезона, во наредната ќе игра во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот