Помпео во Виена, правата средба закажана со Курц

Шефот на американската дипломатија Мајк Помпео пристигна во Виена доцна попладнево, каде утре ќе има разговори со австриското државно раководство, но и со шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МАЕА), како и со неговиот грчки колега.

Како што е потврдено во Виена, Помпео вечерва се среќава со австрискиот канцелар Себастијан Курц, а на разговорите ќе присуствуваат министерката за европски прашања, Каролин Едстадлер и министерот за надворешни работи, Александар Шаленберг. Тие ќе разговараат за билатералните односи, односите САД-ЕУ, како и актуелната корона-криза.

„Целта е да се рестартираат трговските односи меѓу Австрија и САД, а ќе се разговара и за меѓународните прашања, пред се за ситуацијата на Блискиот исток, Белорусија, но и на Западен Балкан”, соопшти кабинетот на Курц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот