Помпео: САД се посветени во борбата против насилството врз жените низ целиот свет

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

САД со гордост ја потврдуваат посветеноста во одбрана на правото на жените и девојките низ целиот свет да живеат без насилство, се вели во денешното соопштение на американскиот државен секретар Мајк Помпео а по повод Меѓународниот ден против насилство врз жените.

САД го признаваат вродениот дигнитет што го поседуваат жените и девојките и се намерени да ја заштитуваат безбедноста на жените и девојките низ целиот свет, како и тоа да го култивираат нивниот развој како идни светски лидери.

Помпео истакна дека насилството на полова основа само по себе претставува светски проблем со кој годишно се судираат милиони жени и девојки во сите области на животот, во образованието, на работата или во семејството.

Според него, овој проблем ги поткопува мирот и безбедноста и ги ослабува социјалната стабилност и економскиот развој.

-За искоренување на насилството на полова почва потребни се координирани напори и непоколеблива решеност на државите, приватниот сектор и граѓанското општество, истакна Помпео.

Денеска, 25 ноември, ширум светот се одбележува Меѓународниот ден против насилство врз жените, официјално прогласен со резолуцијата на ООН 54/134, од 1999 година, а мотото годинава е: „Обојте го светот портокалово: Генерацијата еднаквост против силувањето”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот