Помпео: Првенствено одговорноста да се грижи за своите бродови е на Велика Британија

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Американскиот државен секретар Мајк Помпео јасно порача дека Велика Британија треба самата да ја осигура безбедноста на своите бродови во Персискиот залив, пишува европската редакција на Политико.

Во интервју за „Фокс њуз” шефот на американската дипломатија го искоментира  запленувањето на британскиот танкер од иранската револуционерна гарда во петокот во Ормутскиот теснец.

-Првенствено одговорноста да се грижи за своите бродови е на Велика Британија, изјави тој.

Притоа тој Иран го нарече „лош режим”  и додаде дека  „тие веќе го направиле тоа што е национално пиратство-национална држава што заробува брод што пловел во меѓународни води”.

-САД имаат одговорност да ја одиграат својата улога, но светот, исто така, има голема улога во тоа да ги чува отворени овие поморски патишта, рече Помпео.

„Не сакаме војна со Иран. Сакаме да се однесува како нормална држава. Мислам дека тие го разбираат тоа и мислам дека целиот свет веќе го дозна фактот дека заканата е реална”, посочи Помпео.

Танкерот, чиј екипаж го сочинуваат главно Индијци, во моментов е задржан во иранското пристаниште Бандар Абас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот