ПОМПЕО пристигна во Охрид (ФОТО)

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Американскиот државен секретар Мајк Помпео пристигна на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле”.

Предвидено е државниот секретар на САД да оствари одделни средби со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.

Фото Слободен печат

На средбите во Охрид, Помпео уште еднаш ќе истакне дека Договорот од Преспа е исклучителен и храбар чекор на лидерите на Северна Македонија и на Грција за стабилизација и просперитет на регионот и за влез на земјата во НАТО и во ЕУ.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Според протоколот, предвидено е секретарот Помпео да ја посети и црквата „Света Богородица Перивлепта”, што беше реновирана и конзервирана со средства обезбедени преку УСАИД, односно од американските даночни обврзници.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот