Помпео на средба со Дендиас во Солун

epa07897848 Greek Foreign Minister Nikos Dendias (R) and US State Secretary Mike Pompeo (L) on their way to a joint press conference after their meeting in Athens, Greece, 05 October 2019. Pompeo is on a tour of European countries from 01 to 06 October. EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Американскиот државен секретар Мајк Помпео од денеска е во посета на Грција, во Солун ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никос Дендиас, а утре на Крит со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Стејт Департментот, посетата на Грција е за да се обноват заедничките заложби за унапредување на безбедноста, мирот и просперитетот во Источен Медитеран, но и за одбележување на најсилните американско – грчки односи во последните децении.

На денешната средба со Никос Дендиас, според грчкото МНР, ќе разговараат за прашањата од билатерален, регионален и меѓународен интерес со акцентот ставен на стратешкиот дијалог Грција –САД, на одбранбената и енергетската соработка, како и на случувањата во поширокиот регион на Источниот Медитеран.

Дополнително, американскиот државен секретар ќе потпише билатерален договор за наука и технологија, а со бизнис лидерите од енергетскиот сектор ќе разговара за потенцирање на диверзификација на енергијата и инфраструктурните проекти во Грција.

Утре, Помпео и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе ја посетат воената база во Суда на островот Крит, за, како што соопштија од Стејт Департментот, „да се нагласи силното безбедносно партнерство на САД со НАТО сојузникот –Грција”.

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас во понеделникот рече дека од посетата на Помпео очекуваат „да се потврди она што повеќе пати беше кажано од американска страна во изминатиот период, односно практична поддршка на грчките позиции на сите нивоа, особено во однос на турски провокации во Источниот Медитеран”.

Државниот секретар на САД Мајк Помпео до 2 октомври ќе ги посети Грција, Италија, Светата столица и Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот