Помпео: Израел треба да одлучи дали ќе го анектира Западен Брег

Американскит државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека Израел треба да одлучи дали ќе изврши анексија на делови од окупираниот Западен Брег, како што вети израелскито премиер Бенјамин Нетанјаху.

Помпео истакна дека одлуката за проширување на суверенитетот на Израел е на Ерусалим.

Советниците на американскиот претседател Доналд Трамп вчера почнаа разговори дали да му дадат „зелено светло” на Нетанјаху за анексија, а тоа го осудија Палестинците и арапските сојузници на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот