Полскиот репрезентативец Валчак до 2022 година во Вардар

Полскиот репрезентативец Патрик Валчак е нов играч на актуелниот европски шампион Вардар 1961.

Тој игра на позицијата пивотмен и со „црвено-црните“ потпиша двегодишен договор до 2022 година.

Валчак на својот дрес од следната натпреварувачка сезона ќе го носи бројот 7.

27-годишниот играч досега ги бранеше боите на Либек, а претходно беше дел и од Кјелце.

Вардарци во изминатиот период ги промовираа како нови засилувања уште Робин Кантегрел, Марко Вујин, Гоце Георгиевски, Филип Талески, Анте Гаџа и Јосип Векиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот