Полска го згази Израел (ВИДЕО)

По минималната победа над Македонија, селекцијата на Полска убедливо го порази и Израел со што речиси си ја обезбеди првата позиција на табелата во Група Г, и се наоѓа пред пласман на ЕП 2020. Головите за Полјаците кои по четири кола имаат максимални 12 бодови ги постигнаа Пјатек (35), Левандовски (56), Гросицки (59) и Кадзиор (84).

Убедлив настап имаше и Словенија на гостувањето кај аутсајдерот Летонија, победувајќи со 0:5. Словенците сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме кога Црнигој и Иличиќ постигнаа по два гола. Точка на натпреварот стави Зајц на стартот од второто полувреме.

Дерби натпреварот се одигра на „Сантијаго Бернабеу“ каде Шпанија фури во второто полувреме го сруши отпорот на Шведска и благодарение на ударите од белата точка славеше со 3:0. Првиот гол од пенал го постигна Рамос, вториот го даде Мората, додека победата ја завери Ојарзабал на три минути до крајот на средбата.

Прочитајте и...  Интервју со Зорица Десподовска: Освоивме бронза, во Полска доста се напредува индивидуално!

Вистинско изненадување направи селекцијата на Косово која со голот на Рашани во 93 минута дојде до победа од 2:3 на гостувањето во Софија против Бугарија.


Група А
Бугарија – Косово 2:3
Чешка – Црна Гора 3:0

Група Б
Украина – Луксембург 1:0
Србија – Литванија 4:1

Група Д
Р. Ирска 2:0
Данска – Грузија 5:1

Група Ф
Ф. Острови – Норвешка 0:2
Малта – Романија 0:4
Шпанија – Шведска 3:0

Група Г
Македонија – Австрија 1:4
Полска – Израел 4:0
Летонија – Словенија 0:5

Прочитај повеќе

Унгарски борач прележа коронавирус, па почина откако се врати на тренинг!

Слободен печат

Вернер се посрамоти пред „трансферот“ во Челси! (ВИДЕО)

Слободен печат

Неопислива среќа, Ѓоковиќ: Мојот прв тениски рекет! (ВИДЕО)

Слободен печат

Санчо парично казнет поради шишање без маска (ФОТО)

Слободен печат

Баварски час по фудбал во Леверкузен! (ВИДЕО)

Слободен печат

Мојсов останува во редовите на АЕК Ларнака

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

На денешен ден: Кошаркарскиот „Моцарт“ ги постигна последните 30 поени!

Слободен печат

Каква радост, тренерот на Фрајбург почна да ги „тепа“ сите! (ВИДЕО)

Слободен печат

Барса со Луис Суарез против Мајорка и Трајковски!

Слободен печат

Бабунски „дрибла“ пелени, Македонецот наскоро на фудбалските терени! (ВИДЕО)

Слободен печат

Диего Лопез: Бреша е разочарана од Балотели!

Слободен печат

Заработува 30 милиони евра годишно, a во родниот Уругвај коси трева! (ВИДЕО)

Слободен печат