Полјаците го исклучија градското светло, револтирани од политиките на премиерот Моравиецки

Протест пред парламентот во Варшава / Полска / 28 октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/RADEK PIETRUSZKA POLAND OUT

Градското осветлување во важни згради и цркви во 100 градови низ Полска беше исклучено во времетрање од три часа, како знак на протест на локалните власти против намалувањето на средствата од даноците и против ветото на владата на премиерот Матеуш Моравиецки за новиот повеќегодишен буџет на ЕУ.

Полска го блокира новиот буџет на ЕУ затоа што одбива средства од европски фондови да бидат поврзани за имплементирање на владеењето на правото.

Протестот наречен „Останавме само со темнина“ беше инициран од здружението „Да! Самоуправа за Полска“, предводено од опозицискиот градоначалник на Сопот, Јацек Карновски, бидејќи владејачката партија Закон и правда го протурка законот за намалување учеството на локалните самоуправи во пари од данок.

Во градовите низ Полска, симболично се исклучуваат светлата на протестот против растечката финансиска репресија на локалните буџети од страна на владата“, напиша на Твитер опозицискиот градоначалник на Варшава, Рафал Цашковски, кој ги исклучи светлата на некои мостови над Висла.

Друга причина за денешниот протест е ветото со кое се заканува владата на премиерот Матеуш Моравиецки, заедно со унгарскиот премиер Виктор Орбан, а е поврзано со новиот повеќегодишен буџет на Европската унија и како и со Фондот за обновување на солидарноста за санирање на последиците од пандемијата Ковид-19.

„Во текот на последните децении, средствата и помошта од ЕУ беа еден вид инфузија за нашата земја која даде живот и во исто време спектакуларно ги смени стандардот и квалитетот на тој живот. Вака излегува дека ние сами сакаме да ја извлечеме иглата за инфузија и да ја фрлиме во ѓубре “, предупредија претставниците на локалната самоуправа од полските градови.

Синоќа во Варшава, полскиот премиер Матеуш Моравиецки и унгарскиот премиер Виктор Орбан координираа заеднички тактики што би спречиле исплатата на средствата од ЕУ фодовите да биде директно поврзано со владеењeто на правото во земјите – членки на Унијата.

Ноќни средби: Орбан синоќа во Полска 30.ноември 2020/ Фото: EPA-EFE/Pawel Supernak POLAND OUT

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот