Политички и студентски реакции поради инцидентот во дворот на Економскиот факултет во Атина

Инцидентот и судирот меѓу полицијата и група млади лица што вчера се случи во дворот на Економскиот факултет во Атина, беше причина за остри критики, обвинувања и конфронтација меѓу владата и опозицијата во Грција, но и реакција од студентите, јави дописничката на МИА од Атина.

Од СИРИЗА обвинуваат за авторитарно однесување, додека Владата наведе дека тие едноставно ги спроведуваат законите, а студентите синоќа одржаа протест во Атина.

Преку соопштение, од опозициската СИРИЗА истакнуваат дека станува збор за упад на полицијата, која без да биде предизвикана нападнала студентки, студенти и новинари и станува збор за обид на Владата да го оттргне вниманието од „фијаското во управувањето со бегалското прашање”.

– СИРИЗА го осудува автоританиот пад на владата на Мицотакис, кој единствено што постигнува со неодговорноста е да предизвика опасни ситуации, тврди грчката опозициска партија.

Прочитајте и...  Митрески: И во ВМРО-ДПМНЕ има чесни и поштени луѓе кои ќе се оградат од криминалот

На денешниот брифинг со новинарите, заменикот министер под премиерот и портпарол на грчката Влада, Стелиос Пецас наведе дека не станува збор за упад, туку за спроведување на законите, објасни дека владата е решена да стави крај на „скривалиштата на маскираните лица, на оние кои прават молотови коктели и шверцуваат дрога во внатрешноста на универзитетите” и истакна дека универзитетите ќе им се вратат на студентите.

– Полицијата не интервенира на Универзитетите бидејќи така сака. Тоа не е упад, туку спроведување на законот, рече Пецас, кој упати обвинувања до СИРИЗА дека го поддржува безредието.

По вчерашните инциденти од грчката полиција преку соопштение објаснуваат дека полицајците биле нападнати во обид да спречат група од околу 100 лица да влезат во дворот на Економскиот факултет, откако претходно успеале да го скршат катанецот, па затоа и интервенирале со солзавец. А во инцидентите биле повредени двајца полицајци, а приведени три лица.

Прочитајте и...  Намалување на платите и губење на работното место, новинарите се соочуват со финансиски, психолошки и социјални проблеми

Сионоќа пак, стотици студенти излегоа на мирен протест во центарот на Атина, против, како што велат полицискиот упад и укинувањето на студентскиот имунитет.

По изгласаното од Парламентот укинување на студентскиот имунитет, се отвори патот за полицијата да интервенира во внатрешноста на Универзитетите доколку смета или постојат пријави за нелегални дејствија.

Во тие рамки, како што вчера објави МИА, грчката полиција во неделата спроведе акција во просториите што беа под опсада во Економскиот факултет во Атина, што беше причина за вчерашните инциденти, но и за одлуката на Деканатот факултетот од вчера до 17 ноември 2019 да биде затворен.

Од грчката полиција, рекоа дека акцијата била во рамки на истрагата спроведена во простори кои што се под опсада и се користат како „бази” за напади кон полицајците, но и места кои служат за подготовка и складирање на предмети и механизми што се употребуваат во нападите. При упадот во трите простории што биле под опсада, грчката полиција пронашла празни стаклени шишиња, шлемови, маски за лице, стапови, апарати за гасење пожар, камења и делови од меремер што се користат за напади кон полицијата.

Прочитајте и...  Од Ковид 19 почина 34 годишен штипјанец

Последните случувања во Грција предизвикуваат загриженост, со оглед на тоа дека се на само неколку дена од годишнината од студентскиот бунт против хунтата, што секоја година на 17 ноември се одбелжува со протест, а доста често завршува со инциденти.

Прочитај повеќе

Спасовски: Ние градиме за граѓаните, тие крадат за Белата палата (ВИДЕО)

Слободен печат

Заев на средба со лозари во Неготино: Го решивме проблемот со долговите од винариите (ВИДЕО)

Слободен печат

МТСП: Од денес се исплаќаат правата од социјална и детска заштита

Слободен печат

Рама: Вучиќ може да оди и на Месечината, но на крај сепак ќе седне со легитимните власти на суверено Косово

Слободен печат

Шекеринска од Охрид: Никој не е над законот, статусот во УНЕСКО ќе биде сочуван (ВИДЕО)

Слободен печат

Во Србија 11 смртни случаи од Ковид-19 за 24 часа, 309 новозаразени

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Митрески: Посветено ја градиме нашата земја по европски пример (ВИДЕО)

Слободен печат

Болсонаро стави вето на закон за задолжително носење маски

Слободен печат

Во овие скопски општини има најмногу заразени лица со ковид-19

Слободен печат

САД: Нов дневен рекорд на новозаболени, се воведуваст построги мерки и казнуваат за неносење маски

Слободен печат

Кикиљас: Туристите да ги почитуваат правилата, како што тоа го сторија и Грците

МИА Агенција

Утре стапуваат во сила измените во Уставот на Русија

Слободен печат