Полициски инспектор една година го брифиран Беливук за сите тајни од српското МВР

Фото: Pedja Milosavljevic / AFP / Profimedia

Уапсениот инспектор на СБПОК за крвни и сексуални злосторства, Божидар Столиќ, барем минатата година бил во врска со Веjко Беливук, дознава „Блиц“.

За тоа време, тој ги пренесувал сите информации од неговиот оддел, Министерството за внатрешни работи, но и за истрагите во кој тој бил вклучен, а што се спроведувале за оваа криминална група.

Инспекторот Столиќ е третиот член на СБПОК кој е уапсен затоа што бил во директен контакт и соработувал со Вељко Беливук.

На почетокот на февруари беа уапсени неговите колеги Предраг Лајиќ, кој беше шеф на Одделот за лекови на СБПОК и Бојан Васиjeевски, инспектор и постар главен раководител на одделот за бробата против наркотици.

Според „Блиц“, при апсењето и двајцата биле активни полицајци, но Предраг Лајиќ бил заменет околу месец и половина пред апсењето. И двајцата биле на високи позиции каде што имале во контакт со дрога.

Столиќ, кој беше уапсен синоќа, не беше на челна позиција, но тој е инспектор кој е директно вклучен во истрагата на криминалната група на Беливук.

Според „Блиц“, пред апсењето на Беливук и членовите на неговата група, инспекторот за крвни злосторства ги пренел сите информации што можел да ги најде во неговиот оддел, како и приказните меѓу колегите и размената на информации за криминалната група.

Извор од „Блиц“ вели дека Столиќ не само што пренесувал оперативни податоци, „пишал“ практично сè што можел да најде во МВР, како лице вклучено во истрагата, тој практично ја саботирал работата на своите колеги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот