Полицијата расчисти серија кражби во Штип

Фото: МИА

СВР-Штип расчисти серија кражби извршени во патнички моторни возила, аптеки и продавници. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова денеска информираше дека тројца сторители од кои и еден малолетник се фатени на лице место, додека извршувале тешка кражба од автомобил.

– Лицата биле лишени од слобода и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.Во истиот период расчистени се и пет кривични дела „тешка кражба” извршени во  патнички моторни возила, продавници и аптека на подрачјето на Полициската станица Штип, извршени од страна на овие сторители и уште еден малолетник, при што биле одземени  повеќе производи и предмети, вели Панајотова.

Таа додава дека расчистено е  „разбојништво” извршено на 5 ноември на Градскиот пазар во Штип над 83- годишна жена од страна на малолетен сторител, кој физички ја нападнал жената, а потоа  и ја одзел чантата.

И ова лице е лишено од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  Дел од украдените предмети се одземени од сторителите и вратени на оштетените граѓани.

Во текот на вчерашниот ден регистрирана е и повреда на 36 годишен работник во фабрика во Пробиштип, а случајот е пријавен од страна на Итната медицинска помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот