Полицијата не реагира: Две девојки киднапирале момче во БиХ, го дрогираат и не го пуштаат

Како што пишува Аваз, наводно поранешната девојка на ова момче лажирала бременост.

Откако семејството на Елведин Хамзиќ од Живиница пријавило во Аваз.рс дека две девојки го „киднапирале“ ова момче, се појавиле нови информации во врска со неговото исчезнување.

Како што пишува Аваз, наводно поранешната девојка на ова момче лажирала бременост.

-Тие него го држат во куќа во Дубрава. Го дрогираат и му даваат алкохол. Не можеме да ја најдеме куќата. Кој и да прашаме ни вели: „Не не интересира, таа е бесрамница“. Некоја девојка, веројатно неговата поранешна, што знам, рекла дека е бремена од него, а тој тврди дека не е- рекол извор за Аваз.

Хамзиќ од Живиница исчезнал на 13. јануари. Во полицијата нема никаква пријава за неговото исчезнување.

-Него го киднапираа две бесрамнички. Го чуваат затворен, го дрогираат и не сакаат да го пуштат. Јас му се јавив, разговарав со него. Тој едвај зборува колку е измачен. Повикавме полиција, но не реагираат. Ќе видиме што ќе биде со него. Ќе се јавиме повторно во полиција да ни помогнат да го спасиме- рекла роднина на Елведин за Аваз, кој тврди дека тие две го чуваат затворен и не му даваат на момчето да се врати дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот