Полицаец спаси колега од сигурна смрт: Видео од напаѓач со нож ја вознемири Америка

Фото: Принтскрин/reddit

Полициската работа во најмала рака е непредвидлива, но и многу опасна. Тоа го потврдува и оваа ситуација во која се најдоа двацјата полицајци од местото Џорџи во САД, Дејвид Харисон и Чарлс Бидинџер.

Имено, видеото од полициската акција каде тие двајца апсат напаѓач кој се саканувал со нож во една населба во местото Џорџи, стана популарно на интернет. На снимката може да се слушне како полицајците повеќе од 35 пати го молат напаѓачот, Арон Хонг (23), да се предаде и да го фрли оружјето, предлог кој тој го одбива

– Господине, фрлете го ножот. Ве молам. Овде сме да ви помогнеме – го молеа полицајците Харисон и Бидинџер вознемирениот напаѓач.

Хонг подолго време ги игнонираше нивните наредби и потоа нападна еден од полицајците. Тие првенствено пукаа во неог, но тој успеа да го собори полицаецот, се обиде да го загуши и да му го одземе оружјето.

Откако успеа да го собори полицаецот Харисон, неговиот колега Бидинџер испука уште неколку куршуми во 23-годишникот. Соборениот полицаец заврши во болница со неколку полесни повреди, додека Хонг од прострелните рани умира на лице место, пишуваат американските медиуми.

This Is The Most Disciplined Cop Ever… from JoeRogan

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот